Tuesday, August 27, 2013

Ден 28

Станување во 7. Во 7 и 10 стана и дечко ми и ми направи протеински шејк, колку романтично:). Шејкот се сотоеше од пола доза прашок, банана, овес и малку бисквити, и се разбира млеко. Толку беше вкусно што едвај чекам утре од сабајле пак да се напијам:)). За жал, тоа беше единственото јадење до 16 часот, бидејќи повторно беше многу гужва на работа, па усеав да изедам само неколку био колачиња со брусница, кафе и околу пола литро вода. Кога си дојдов од работа веднаш отидов да возам точак. Извозивме до комплексот Цареви Кули, и беше доста напорно, но многу убаво, особено на враќање, бидејќи беше се стемнило и се гледаше цела Струмица. Кога стигнавме горе, се чувствував како да сум се возела на најстрашниот ролеркостер, бидејќи бев прегладнета и уморна, и таму изедов 6 кебапчиња со малку леб и малку пржен компир и швепс. Си го заслужив, многу ми е гајле. И така. Се мерив бев 71 кг, но со изедени ќебапчичи. Утре од сабајле ќе се мерам на гладно.

Monday, August 26, 2013

Ден 27

Многу напорен ден. Станав во 7 и откако отидов на работа немав време буквално да прднам. Имаше многу гужва, и од сето овошје што си го однесов на работа , успеав да изедам само две праски, и тоа околу 13 часот:(, а пред тоа кафе и вода, но не многу. Дома пробав од новиот протеински шејк со вкус на чоколадо, но го помешавме со портокал и го расипавме блендерот, па така испадна како надробен портокал во чоколаден шејк, првата чаша ја изедов со лажица, а втората ја исцедив и беше многу вкусно. Околу 20 часот, малку од мусаката што ја направив за ручек и малку таратор. Сега е 22 часот и само што завршив со вежбањето, 20 минути точак, 5 серии по 70 пати на јаже, 2 серии по 10 чучњеви со тегови, и 3тата серија 12 пати. 2 серии по 8 склекови, а 3тата серија 10 склека. 2 серии по 15 пати вежба за трицепс, а 3тата серија 20 пати и 3 серии по 15 стомачни и за страна.

Sunday, August 25, 2013

Ден 26

Три праски, едно парче просеник со јогурт. Околу 13 часот едно ќофте со сос од домати и една апка од лута пиперка, ми изгоре желудникот. Кафе. Околу 17 часот една банана и после тоа тенис саат ипол и враќање со точак дод ома околу 7км. Уште вода, и едно мааааало парче ќофте со 5 пржени компирчиња, украдено од друга чинија.

Ден 25

Десет часот две праски на работа, кафе, вода и една банана, и не успеав да ги изедам муслите со јогуртот бидејќи имаше многу гужва. Околу 13:30 малку летна манџа со пола парче црн леб и малку сирење. Малку јатки со мед. Околу 20 часот печен компир со кечап и сенф, и не бежбав ништо оти ме болеше многу стомакот.

Friday, August 23, 2013

Ден 24

Будење рано и спиење до последната минута од алармот, околу седум часа. Околу 10 ипол грозје и една мало јаболко петровка. Кафето го пијам цел ден, тоа не мора да го споменувам, многу ретко да испијам две. Планирам дури да го заменам со зелем или црн чај. Околу 13 часот, мусли со јогурт. Вода околу литро. Околу 17 часот 4 парченца од вчерашната вечера, патлиџан со пилешко. После тоа шетање низ салони за мебел(губење калории и нерви). Околу 21:30 маалку лебче со лук и магданос и пилешко во кари хоум мејд, пола порција од таа што обично ја јадам. Уште некоја минута ќе вежбам кардио во комбинација со тежини. Тоа му е мајката, for real. Секојдневно вежбање. И за крај, мерење пред пилешкото со кари:

Thursday, August 22, 2013

Ден 23

Грешка уште од старт. Си легнав многу касно, и има спиено само 4 ипол часа, но за сметка на тоа многу убаво вежбав вчера, повеќе отколку што планирав. Сабајле кафе, од околу 10 до 13 часот грозје, не дека внимавав, туку немав време, многу беше гужва. Околу 14 часот мусли со јогурт. И потоа експлозија:))). Вода околу литар, можеби и помалку, додека бев на работа. Кога си дојдов бев толку преморена и изгладнета, што го изедов првото нешто што го видов на масата, и за пуста случајност тоа прво нешто беше хоум мејд лангида , со сирење и 2 домати;). Вода. Околу 22 часот малку салата со зелка краставица и морков и 2 маааали парлиња од мојот нов рецепт, со модар патлиџан,малку пилешко и малку кашкавал печено во фурна. Вртење точак 30 мин. Off to bed.

Wednesday, August 21, 2013

Ден 22

По правило денес требаше да станам пак рано, ама касно си легнав, а и сама сум на работа колешката е на одмор, за тоа си го пролонгирав сонот за уше половина час. Грозје, вода и кафе, многу гужва на работа, мусли со јогурт дури во 14 часот. Околу 16:30 мешани јатки додека чекав да се испече пиле. 19 часот, печено пиле со малку компир и многу шопска салата. Вода доволно, и сега уште 15 мин, кардио околу 20 минути со вежби за раце: склекови 2 серии по 9 или колку можам, 2 серии за бицепс, чучњеви со тежини и стомачни. Не е важно колку, колку се може толку:). Пред да јадам тежина 71,4 кг.